Нов тренд: Преобрази ја твојата мајка во себе - девојки им ја даваат својата облека на своите мајки и покажуваат како им стои (ВИДЕО)
Овој ТикТок тренд се прошири со брзина на светлината...
Во морето трендови, ова е еден од оние со кои ќе ја затвориме 2022 година и ни е драго што е последен, бидејќи е фантастичен. Сите на социјалните мрежи ги покажуваат своите мајки и како би изгледале кога се облекувале како своите ќерки.
Колку облеката и фризурата имаат влијае на нашиот изглед најдобро покажува овој тренд. Мајките во него ја имаат главната улога. Навикнати сме да ги гледаме своите мајки во домашно издание, во кежуал облека или во онаа во која што одат на работа. Дури и кога ќе се средат, и понатаму изгледаат прилично сериозно. Сега девојките почнаа да ги покажуваат своите мајки во малку поинакво издание. Како би изгледале кога би се облекувале и би имале шминка и фризура како нивните ќерки? Сосема поинаку. Трансформациите се неверојатни.
@nadinebloch my biggest flex is my mom lol
original sound - evie
Трендот започна на ТикТок и ова е само доказ дека на него има и забавни трендови, што паѓаат во втор план поради оние опасните. Се надеваме дека оваа страна на ТикТок е онаа на која си и ти, бидејќи е презабавна.
@anakohler HOW CAN SOMEONE LOOK SO GOOD WITH 55 ?? #mumsoftiktok original sound - evie
Многу девојки направија филмски трансформации на своите мајки и не знаеме кое видео е подобро. Некои навистина изгелдаат како друга личност, како помлада верзија од себе. Облечени во тренди облека, нашминкани и со фризури кои сега се популарни помеѓу младите.
@carolfinee I’m sorry but my mother ate. #fyp #momtrend #fit original sound - evie
Тешко е да се каже чија мајка изгледа подобро! Видеата имаат милиони прегледи, а ние ти ги издвојуваме оние 5 од кои луѓето се најмногу воодушевени.
@alinamour she definitely WON this trend @nicolezrw original sound - evie
Една девојка дури напиша дека нејзината мајка има 58 години, а по трансформацијата нема шанси некој да ѝ даде толку години. Погледнете ја!
@agentbeetsmotel BRO SHE IS 58
original sound - evie
На ТикТок можеш да пронајдеш уште многу вакви видеа. Ако ја убедиш твојата мајка да се согласи на ваква трансформација, можеш и ти да му се придружиш на овој вирален тренд. Нека видат сите колку згодна мајка имаш.
фото: Принтскрин / ТикТок