Нова промена на WhatsApp која сигурно ќе ја користиш: Се однесува на испраќањето пораки
Уште еден новитет на популарната апликација за допишување, кој ќе ни го олесни животот...
Новата функција која е достапна на WhatsApp во еден момент сигурно ќе ти користи. Можеш својот WhatsApp да го споиш со дополнителни уреди. Иако тоа беше возможно и сега, постоеше една препрека - не можеше да се користи оваа апликација на компјутер/лаптоп, доколку се немаш поврзано на интернет на мобилниот. Од сега повеќе нема да биде важно дали имаш интернет на мобилниот или не, бидејќи ќе можеш без оглед на тоа да ја користиш апликацијата и на другите уреди на кои си поврзана, пишува „Index.hr“. Само е важно да ја имаш ажурирано. Кога ќе го завршиш тоа, во поставки треба да го одобриш ова.
Се што треба е да ја активираш „Beta“. Кога ќе ја отвориш апликацијата и ќе отидеш на „поврзување на уреди“, тука веднаш ќе ти се појави оваа опција. Единствено нешто што ќе се случи е дека ќе те одјави од сите уреди на кои си бил/а поврзан/а досега и ќе можеш да се поврзеш само на 4. Но, и тоа е многу. Кога ќе се поврзеш, без разлика дали имаш интернет на твојот мобилен или не, ќе можеш да го отвориш WhatsApp на тие уреди и да испраќаш и примаш пораки без проблем. Доколку во било кој момент се предомислиш и повеќе не го сакаш ова, на истото место во апликацијата можеш да ја напуштиш „Beta“.
фото: Alex Photo Stock / Shutterstock