Нова промена: Повеќе нема да може да го гледаме бројот на дислајкови на Јутјуб

Нова промена: Повеќе нема да може да го гледаме бројот на дислајкови на Јутјуб

Сите ние, кога гледаме некое видео на Јутјуб, сакаме да видиме и колку „лајкови“, но и „дислајкови“ има. Тоа едноставно ви дава некаков увид во квалитетот на содржините кои ги гледаме. Но, Јутјуб одлучи да ја укине опцијата со која можеме да го видиме бројот на „дислајкови“. Но, зошто?

Пред неколку дена Јутјуб објави дека ќе го укине одбројувањето на „дислајковите“ под сите видеа, пишува „TechCrunch“. Оваа одлука многумина ја сметаат за малку контроверзна со оглед на тоа што таа воглавно го прикажува успехот на некое видео. 

Но, Јутјуб смета дека таа промена, подобро ќе ги заштити креаторите од возменирувања и ќе го намали бројот на „напади со дислајкови“ кои се случуваат кога одредена група луѓе од инает става „дислајкови“ на некое видео и така му го руши кредибилитетот. 

Секако, опцијата „дислајн“ сè уште ќе остане како опција под секое видео, само публуката ќе нема увид во тоа колкав е бројот на видеото кое го гледа.


Оваа промена е резултат на експериментот кој Јутјуб го спроведе порано оваа година и на кој целта му беше да детектира дали оваа промена ќе ги намали „нападите“ на креаторите и „нападите со дислајкови“. Иако Јутјуб не сакаше да ги сподели информациите за тој експеримент, изгледа дека можеби бројот на „дислајкови“ сепак има влијание на однесувањето на публиката... Толку што одлучија потполно да ги сокријат „дислајковите“.

Што мислите вие за оваа промена?

фото: canva

Можеби ќе ве интересира: