Нова романса? Кендал Џенер повторно флертува со кошаркарот!
Кендал Џенер не може да промени една своја стара тенденција - таа досега константно се вљубува во кошаркари, како што нејзината сетра Кајли посебно ги сака раперите. Кендал оваа година во медиумите се води како „сингл“ дама, но нејзиниот приватен живот кога е љубовта во прашање е малку потаинствен од другите членови на кланот Кардашијан - Џенер и тешко е со сигурност да се каже дали таа во овој момент има некој или не. Со оглед на нејзинита популарност и убавина, многу момци и се додворуваат, а некои со неа дури флертуваат и на Инстаграм, како кошаркарот Девин Букер.
Имено, јавноста забележала еден многу необичен коментар на новата објава на Кендал - Кендал на Истаграм сподели селфи видео кое е многу атрактивно и во истото ја истакнува својата шминка и лице, а првиот коментар кој ќе го забележите го напиша кошаркарот Девин Букер: „Сакам јагоди“ - напиша тој, со екотикон јагода, кој Кендал го имаше ставено во описот на фотографијата. Тоа не беше доволно, па Кендал нему му додаде уште една јагода, одговорајќи му на коментарот - нивното допишување има над 80 илјади лајкови и можно е да е најлајкуван коментар на нејзиниот профил.
Овој флерт во коментари можеби е само обичен флерт без некои сериозни намери, но тие двајца веќе неколку месеци се еден околу друг. Во мај беа забележена како се возат низ Лос Анџелес. Тогаш извор за People изјави дека тие се само пријатели: „Со Кендал никогаш не се знае, па така ќе ја оставиме оваа приказна отворена, но засега се пријатели и имаат заедничко друштво“. Дали оттогаш нешто се променило? Оставаме на времето да покаже, бидјеќи Кендал е многу таинствена на љубовен план.