Новиот танцувачки предизвик на ТикТок опасен за луѓето: Завршуваат со скршениците и модринки на нозете
Можеби некои танцувачки чекори најдобро е да се остават на професионалниците...
ТикТокот ги следи трендовите во светот на музиката, а најновиот музички хит е соработката на Карди Би и Меган Ди Стелион. Луѓето се обидуваат да го направат нивниот „wap challenge“, но добар дел од нив не завршуваат добро.
Од моментот кога излезе „WAP“ луѓето не престануваат да зборуваат, гледаат и слушаат оваа песна и видео. Откако го освоија трендингот на Јутјуб и музичката листа Билборд Хот 100, сега го освоија и ТикТок. Порано, овој месец кореографот Брајан Есперон, човек кој професионално се заниамава со танц, ја сподели својата танцувачка рутина за оваа песна, а за кратко време видеото го погледнале многу луѓе. Кога ТикТок ѕвездите Чарли Ди Амелио и Адисон Реј ја ископираа оваа кореографија и ја изведоа на ТикТок, сакаа и сите останата. Меѓутоа, за многу луѓе таа заврши неуспешно.
Кореографијата е комплицирана и бара многу флексибилност. За некој кој не е добро извежбан и кој вообичаено не прави вакви акробации, предизвикот чесно може да го заврши со повреди и еден куп модринки на нозете. Некои од луѓето кои се обидоа завршија дури и во болница.
Кога нешто е популарно на ТикТок, сите сакаат да го пробаат тој предизвик, но овој можеби сепак е најдобро да го прескокнете или барем добро да се истегнете пред да почнете да ги изведуваат акробациите.