Обидете се да ги задржите солзите: Момче без око постоило еднооко маче

Обидете се да ги задржите солзите: Момче без око постоило еднооко маче

Објавена во: Совети // Семејство

Ова е приказна за Дилан, момче од Охајо, САД, кој посвоил маче од едно прифатилиште за напуштени домашни миленици.

Хуманитарното друштво од округот Ричленд во Охајо (САД) на социјалните мрежи ја сподели веста дека мачорот Мартин, штитеник на оваа установа, ја постоил млад човек по име Дилам. Оваа вест не би била необична и толку емотивна доколку мачката и нејзиниот сопственик немаат по едно око! Имено, левото око на Дилан му било хируршки отстрането од здравствени причини, додека мачорот Мартин го загубил десното око четири дена по интервенцијата која му била извршена на Дилан.

По посвојувањето, од установата на Фејсбук објавија:

„Им честитаме на Дилан и Мартин и им посакуваме сѐ најдобро до крајот на животот. Сите плачеме од среќа!“

Освен што ја објавија веста за посвојувањето на Мартин, тие открија и детали за неговата и здравствената ситуација на Дилан.

Многу потенцијални домашни миленици сметаат дека мачките како Мартин не се погодни за домашни миленици. За среќа постојат начини за домашните миленици со физички хендикеп да пронајдат топол дом.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: