Објаснување и оправдување: Зборот „извини“ кажан на погрешен начин
Мислите, доволно е да кажете „извини“, но не, не е
така.
Можеби не сте свесни дека понекогаш се извинувате
на погрешен начин и си правите повеќе штета отколку добро. Понекогаш тоа го
кажуваме на некој близок, соработник, член на семејство, а понекогаш и пријател
со кој си пораснал. Не е важно дали ќе го кажете „извинувањето“ на погрешен
начин, понекогаш е подобро да молчите после недоразбирање. За да ги избегнете
најчестите грешки кога се извинувате, денес ќе ви откриеме каде можеби грешите
и не сте во право.
Кажувате,
но
Тоа „но“ по извинувањето ја поткопува искреноста
на вашите зборови. Треба да имате на ум дека „извинете“ и „жал ми е“ се
доволни. Ништо повеќе не треба да следи после тоа. Најуспешните извинувања се
кратки, јасни и искрени. Тие треба да содржат потврда за тоа како вашата
реакција влијаела врз лицето, врз извинувањето, како и врз планот што сте го
направиле за да не ги повторите истите работи повторно во иднина.
Претерано
објаснување и оправдување
Ако му објасните на лицето со кое сте се расправале
зошто сте се однесувале така, кога сте се расправале, тоа е една работа, но ако
вашето објаснување оди дотаму што ќе стане изговор за она што сте го направиле,
тогаш тоа е нешто сосема друго.
Ако, на пример, вашата најдобра другарка има
забелешка дека не сте обрнале доволно внимание кога таа неодамна минувала низ
непријатна разделба, не треба да наведете сè што ве спречило да ја повикате и
да прашате како е. Значи, фактот дека сте закажале нокти кај козметичарката,
средбата со ново момче, сте договориле шопинг со друга другарка и сл., нема да
ја задоволи во секој случај, а вашето извинување ќе отиде низ ветар.
Ви истекло времето
за извинување
Идеалното извинување не доаѓа ниту премногу рано,
ниту премногу доцна. Понекогаш им е потребно на луѓето една минута да се оладат
и да сфатат дека не биле во право, а понекогаш и потребни се неколку дена. Ако
премногу рано се извините, вашиот соговорник можеби сè уште не е подготвен да
ви прости. Сепак, шансите се уште помали дека ќе ви прости ако престанете со
зборовите „жал ми е“. Колку подолго чекате со извинувањето кон вашиот пријател,
дечко, пријател или член на семејството, толку повеќе добива впечаток дека не
се грижите за него.
Извор: zenskimagazin.rs
„Жал ми е“: Актерката се кае поради ужасната објава за коронавирусот