Објави емотивна фотографија со Хана: Тамара Тодевска откри по што ќе ја памети 2022 година (ФОТО)

Објави емотивна фотографија со Хана: Тамара Тодевска откри по што ќе ја памети 2022 година (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Новата година само што не ни пристигна, а веќе сите почнаа да ги сублимираат впечатоците од годината што изминува.

Ништо поразлични не се ни познатите ѕвезди, кои секојдневно објавуваат новогодишни фотографии со кои им ги честитаат празниците на своите обожаватели, но и преку кои откриваат како им поминала 2022 година.

Кон овој тренд се приклучи и една од најпознатите македонски пејачки - Тамара Тодевска. Таа на својот Инстаграм профил сподели неколку новогодишни фотографии и откри по што ќе ја памети годината која за нешто повеќе од два дена ќе заврши.

„Оваа 2022 година да ја паметиме по убавите работи, а ги имаше навистина многу“ - порача пејачката, по што објави и емотивна фотографија на која покрај елка позира со нејзината наследничка, малата Хана.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: