Обновување на биткоинот: Маск објави дека Тесла ќе ја прифати криптовалутата и цената веднаш скокна
Цената на биткоинот синоќа се зголеми за скоро 10 проценти откако извршниот директор на Тесла, Илон Маск објави дека овој производител на електрични возила повторно може да прифаќа плаќање за набавка на автомобил со оваа криптовалута во иднина.
„Откако ќе добиеме потврда за разумната (-50%) употреба на чиста енергија од рударите, со позитивен тренд во иднина, Тесла ќе продолжи со трансакции со биткоин“ - рече Маск.
Did you see?
— Cointelegraph (@Cointelegraph) June 13, 2021
Elon Musk is catching flak again, but what's it for this time? Sygnia CEO Magda Wierzycka lambasted him saying “What we have seen with Bitcoin is price manipulation by one very powerful and influential individual." https://t.co/W5WYgGnKPR
По оваа објава, биткоинот скокна на цена од 39.000 долари, што е скок од скоро 10 проценти.
Од почетокот на годината, најстарата дигитална монета во светот порасна за повеќе од 30 проценти, иако нејзината сегашна цена е далеку под историскиот рекорд од 64.829,14 долари достигната во април, пренесува CNBC.
Во средината на мај, Тесла го стопираше плаќањето на автомобилите со биткоини, повикувајќи се на загриженост за влијанието на рударството на криптовалути врз климата.
Крипто-рударството троши огромни количини на енергија (претежно произведено од фосилни горива) за напојување на моќни компјутери, а според индексот на потрошувачка на електрична енергија биткоин во Кембриџ, рударството на оваа виртуелна валута троши повеќе електрична енергија отколку некои земји, како што се Финска и Белгија.
фото: EPA/ SASCHA STEINBACH