Обожавателите се пресреќни: Зендаја работи со полна пареа, подготвува дури 7 нови филмови и серии

Обожавателите се пресреќни: Зендаја работи со полна пареа, подготвува дури 7 нови филмови и серии

Објавена во: Stars // Филм

Наскоро ќе ја гледаме буквално насекаде...

Популарноста на Зендаја порасна многу од објавувањето на првата сезона на серијата „Euphoria“. После неа деловните понуди само ѝ пристигнуваа, а сега се прашуваме како воопшто успева да постигне сѐ, со оглед на сите големи проекти на кои работи.

Според оваа листа заклучуваме дкеа Зендаја и вистински работохолик. Глуми во неколку филмови, во неколку од нив е и режисер, снима нова сезона од серијата и сето тоа го прави во исто време. Нејзините денови сигурно се исполнети од почеток до крај, а како и не би биле, кога работи на толку нови проекти. Иако на неа тоа можеби и не ѝ е идеално, нејзините обожаватели се сигурно воодушевени, бидејќи ќе ја гледаат во многу нови изданија и улоги во кои сигурно нема да ги разочара.

# Филмот „Challenger“

Од многубројните филмови, Зендаја моментално работи и на овој филм каде ќе глуми шампионка во тенис, која решава да го тренира својот сопруг на неговиот пат до тениската популарност. Ова е една од нејзините поинтересни улоги, со оглед на тоа што таа претежно глумеше во тинејџерски филмови и серии, чии сценарија и не беа толку сериозни.

# Филмот „Finest Kind“

Ова е филм во кој Зендаја има улога, но уште не е познато за која улога точно станува збор. Но, познато е дека во филмот ќе застане покрај познатите актери како Ансел Елгорт и Џејк Гиленхал и дека сценариото се фокусира на двајца браќа кои го преживуваат местото на злосторството.

# Филмот „Megalopolis“

Овој филм гледачите го очекуваат со месеци, а со оглед на неговата голема популарност, не е ни чудно што Зендаја доби една од улогите. Сценариото на филмот ќе ја следи архитектката која ќе се обиде да го обнови Њујорк по огромната катастрофа која ќе се случи.

# Третата сезона на „Euphoria“

Нејзината најпозната улога продолжува, бидејќи Зендаја работи и на снимањето на третата сезона од хит серијата. Не само што ќе глуми во неа, туку ќе биде и режисерка на неколку епизоди. Но, единствена мана е тоа што уште не се знае колку ќе мораме да чекаме до новата сезона.

# Филмот „A White Lie“

Зендаја во овој филм ќе има една од улогите, но не само тоа, туку и ќе го продуцира. Тоа дефинитивно не ѝ е нешто непознато, со оглед на тоа што веќе беше режисерка во неколку епизоди од „Euphoria“, сопствениот филм „Malcolm & Marie“, а се најавува и дека и понатаму ќе биде режисерка на неколку епизоди во новата сезона од хит серијата со која се прослави. 

# Второто продолжение на „Dune“

„Dune“ е научно фантастичен филм кој доби огромна популарност по своето прво продолжение. Зендаја ќе глуми и во второто, а филмот би требало да излезе следната есен во 2023 година. Сите се радуваат на новото продолжение на овој филм.

# Филмот „Be My Baby“

Последниот, но не и помалку важен филм на кој Зендаја работи е „Be My Baby“. Сценариото на овој филм е околу пејачката на групата „Ronnettes“, а Зендаја ќе ја глуми токму неа, пред нејзината смрт. Има многу важна улога, но сигурни сме дека одлично ќе се снајде, особено кога е во прашање овој биографски филм.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: