Од Јелена Карлеуша до Вики Миљковиќ: Марија Шерифовиќ покажа дека може да пее сѐ

Од Јелена Карлеуша до Вики Миљковиќ: Марија Шерифовиќ покажа дека може да пее сѐ

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Ветувањето е ветување, а евровизиската победничка Марија Шерифовиќ се грижи да не го прекрши ветено. За време на карантинот најави дека ќе стане јутјубер и на својот Јутјуб профил веќе активно започна да споделува видеа.

Во првото видео накратко покажа како ѝ изгледа еден ден во кој треба да ги исполни сите обврски поврзани со кандидатите од „Ѕвездите на Гранд“. Второто видео беше посветено на сите Инстаграм сториња кои ги објавуваше за време на карантинот, а третото е приказна за себе. Во него се испроба како слаткарка и направи прекрасна торта, која не успеа да ја проба, бидејќи истата и падна. Четвртото прашање беше „Q&A“, односно во него одговараше на најинтересните прашања од нејзините обожаватели.

А, денес дојде ред на новотото 5 - то видео. Во него Марија реши да ги потсети обожавателите на своите вонсериски вокални способности, па така отпеа песни од сите членови на жирото на „Ѕвездите на Гранд“, вклучувајќи песни и од Саша Поповиќ и Снежана Ѓуришиќ.

Како звучи кога Марија пее песни од своите колеги, погледнете во видеото во продолжение:


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: