Од многу пиво, до многу брза храна: Седум ѕвезди кои имаат луди барања на снимањата!
Не е новитет дека познатите пред договарањето на одреден актерски ангажман или пејачка турнеја имаат подолга листа на работи кои ги очекуваат на местото каде што доаѓаат, но некои од тие барања се навистина луди.
Како што пишува порталот Ranker, ова се седумтте најразгалени ѕвезди и нивните луди барања.
# Џенифер Лопез – пејачката и актерка очекува „бекстејџот“ каде што настапува или снима да биде во бело. Од бел мебел, бели вазни со бели цвеќиња, па се до најситниот детаљ. Таквиот простор ја смирува и помага да се сконцетрира.
# Канје Вест – откако познатиот рапер интезивно се вклучи во модната индустрија како дизајнер, од голема важност му е никој од личностите кои работат за него да не носат синтетика. Понатаму, сите негови вработени, од личниот шофер па до личниот асистент мораат да ноосат облека од 100% памук.
# Вил Смит – познатиот актер има барање на било кое снимање со себе да може да носи камион во вредно од неколку милиони долари, во кој се наоѓа неговиот комплетно уреден простор за живот.
# Бритни Спирс – кога гостувала во Лондон во склоп на турнејата, пејачката барала да биде организирана значителна количина на брза храна од McDonald’s.
# Принц – пејачката ѕвезда на 90-тите години на секој настап зад себе морало да има тим од доктори кои пред настапите ќе му вбризгувале витамин Б12, за да има доволно количина на енергија во организмот за да одржи совршен настап.
# Аделе – во „бекстејџот“ на оваа дива секогаш мора да има огромна количина од најквалитетното европско пиво. Исто така, еден од позитивните барања е дека секоја личност која ќе добие бесплатни билети за нејзиниот концерт, мора да уплати барем 20 долари во добротворни цели.
# Кристина Агилера – со оглед на тоа што таа пред неколку години се посвети на здравиот начин на исхрана, „бекстејџот“ мора да биде обезбеден со доволни количини со сојно млеко, свежо кафе, овошје, зеленчук, а и витамини во капсули.