Од нејзината 16-та година се заедно: Еве како момчето на Лара Иванова ја изненади за годишнината
Младата пејачка Лара Иванова, прослави 4 години љубов со нејзиното момче Александар.
Тој на Инстаграм подготвил колаж од заеднички фотографии кој го објави на стори и напиша: „4 години ја трпам“.
Лара ретко објавува заеднички фотографии со нејзиното момче кое инаку е виолинист и студира во Словенија.
Лара неодамна објави две нови песни. Едната со наслов „Ме
сакаш кога ме немаш“ и последната дуетот со Јосиф „Сите светла“.
Има ли подобро? Со најубавите зборови „Те сакам“: Лара му честиташе роденден на момчето