Од петте прескапи изгорени јахти, пожарот во Сплит ја уништи и онаа на поранешниот сопруг на Северина: Оштетени 48 бродови
Замислте дека една јахта вреди најмалку милион евра, а сега самислете дека изгореле 5 такви и многу поскапи јахти.Пожарникарите сè уште ги гасат чамците што се запалија во марината во Кастел Гомилица кај Сплит вчеравечер. Локалните пожарникари дежурале цела ноќ, а работата не била завршена ниту утринава. Центарот за огнени операции во округот Сплит објави дека пожарот предизвикал голема материјална штета и дека, според првите информации, изгореле пет поголеми јахти, пренесе Хина.
Непријатниот мирис на запалена пластика на изгорени јахти се шири низ Кастела.
Сите пожарникарски единици од областите Кастела и Сплит беа ангажирани во гаснењето на пожарот.
Пожарникарите од теренот известија дека меѓу нив нема повредени.
Меѓу запалените јахити е и онаа на поранешниот сопруг на Северина, бизнисменот Милан Поповиќ