Од плакарот на Марио Манов: Црниот капут што има „способност“ да долови елеганција
Како што ви најавивме, секоја среда ќе имате можност да ја читате новата рубрика на Хаштаг „Од плакарот на...“. Истата ја започнавме со мултиталентираниот уметник Марио Арангеловски, а следен е популарниот инстаграмџија Марио Манов.
Ова момче ги освои сите со урнебесните видеа кои ги споделува на својот Инстаграм профил, но исто така и со својот одличен изглед, кој е причина плус да биде дел од оваа наша рубрика.
„Модата е многу важен дел од мојот живот бидејќи преку неа можам да се изразам себеси и да се опишам каква личност сум всушност. Токму тоа е придобивката од модата и секој човек може да го направи истото. Модата може да се третира и прикажува на многу начини, да се експериментира со различни модни парчиња и сето тоа да се зачини со естетика и елеганција која никогаш не е излезена од мода.“ - истакнува Марио.
Тој одбра пет модни парчиња, за кои што слободно можеме да кажеме дека му се омилени, а еве кои се најдоа на оваа листа:
# Најважното нешто при купувањето на нова облека ми е истата таа да има „способност“ да долови елеганција, а и секое ново нешто да можам да го комбинирам со сѐ. Токму такво парче е црниот зимски капут што го гледате на сликата. Лично, тоа ми е омилено парче од цела моја гардероба, бидејќи прави да се чувствувам самоуверено.
# На втората фотка омилени ми се очилата за сонце. Нешто што најмногу сакам и обожавам се очилата, особено „retro see through“ модели кои секогаш се впечатливи. Практикувам да носам очила, без разлика на годишното време или дали тоа ќе биде ноќно излегување или прошетка. Лично мислам дека можат да се носат секогаш и со секаков аутфит дополнително изразувајќи ја елеганцијата.
# Костими! Дефинитивно едно од најомилените парчиња отсекогаш. Посебно ми се при срце кога се во „nude“ боја. Голем обожавател сум на „oversized“ класични панталони и како што може да се види од сликата, во комбинација со спортски бели „Nike“ патики, заедно го даваат тој мешан класичен секојдневен и опуштен изглед.
# Накит, накит и уште повеќе накит! Никогаш не го исклучувам од моите модни комбинации. Секогаш ставам многу повеќе ланчиња на мене и колку и да изгледа премногу, сепак дава уникатност! Не мора ланчињата да се скапи, но сепак во различни комбинации даваат „вајб“ кој освојува на прв поглед. Колку што се важни очилата, толку за мене е и важен накитот за една комбинација да е топ!
# Во последно време сум опседнат со сако, тоа може да се види и на мојот Инстаграм профил. Сакоата беа во мода претходната сезона, но за мене никогаш нема да излезат и секогаш ќе претставуваат елитна елеганција. Може да се комбинираат со фармерки, класични панталони и еден куп различни начини. Посебно се интересни сакоата кои имаат некој детаљ на нив, пример како овој на сликата, со точки или нешто минимално, па дури и брош. Таквата кобинација е буквално елеганција во движење и кај машките и кај женските!
Може да ве интересира:
Сѐ започна ненамерно: Искрено интервју со Марио Манов, момчето кое го освои ИнстаграмЗасекогаш омилена фотографија: Марио Манов како дете