Од плакарот на Славица Ангелова: Емотивно сум поврзана со сатенската бомбер јакна

Од плакарот на Славица Ангелова: Емотивно сум поврзана со сатенската бомбер јакна

Објавена во: Мода // Moj стил

Откако во бугарскиот „The Voice“ Славица Ангелова ги освои сите, таа продолжи да работи и да се доусовршува на полето на музиката. Македонската публика, па дури и момците од ДНК ги освои со споделувањето на миксот песни од дуото.

Но, настрана пеењето, според нејзеличниот карактер можеш да го изразиш преку имиџот. Затоа, постојувано се труди да посвети внимание на тоа како да го дефинира својот стил, а посебно внимание обрнува на сценскиот имиџ. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, која е соодветна на нејзината возраст. „Во секој случај, мојата цел е да бидам своја и автентична.“ - истакна пладата пејачка.

Но сега, благодарение на нашата рубрика „Од плакарот на...“ ќе дознаете кои се нејзините 5 омилени модни парчиња.

# Оваа сатенска бомбер јакна со интересна илустрација-принт, ме врзува за убави спомени и емотивни моменти, од периодот на „Неки нови клинци“. Покрај тоа што има голема емотивна вредност, складно соодветствува на мојот секојдневен стил, па знам често да ја комбинирам со џинс, здолниште, патики...

# Една од моите омилени комбинации во бохо фазон е комбинацијата на џинс и кошули со етно везови. Тој шмек на 70-тите години ми е еден од омилените, па обожавам да носам облека во тој стил.

# Аксесоарите имаат значајно место во мојот имиџ, затоа што сметам дека токму преку модните додатоци се доловува индивидуалноста. Начинот на кој ги комбинираме, може да ја сменат целата слика, па затоа им посветувам големо внимание.

# Обожувам да носам марами на различни начини и во различни дезени. Тоа ќе го забележите и во мојот нов спот за песната „Нема да поминеш“, каде во неколку сцени носам марама околу главата, што го надополнува летниот изглед. Сакам да комбинирам марами и со класична бела кошула, обична маичка или со романтичен фустан.

Очилата за сонце се исто така меѓу моите фаворити во делот на модните додатоци. Внимавам на тоа нивната форма и стил, да одговараат на моето лице, а свесна сум дека покрај модна, имаат и значајна практична функција, па затоа секогаш бирам квалитетни модели.

# Пепито дезенот ми е дефинитивно еден од фаворитите и често знам да го вклопам во моите стајлинзи. Еден таков е и овој ретро комплет кој ми е подарок  од  тетка ми, кој ептен се совпаѓа дури и со актуелните трендови иако е пред многу години.

Може да ве интересира:

Од плакарот на Барбара Ракичевиќ: Чантата од мама и фустанот од тато ми се едни од омилените модни парчиња

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: