Од плакарот на Барбара Ракичевиќ: Чантата од мама и фустанот од тато ми се едни од омилените модни парчиња

Од плакарот на Барбара Ракичевиќ: Чантата од мама и фустанот од тато ми се едни од омилените модни парчиња

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерката на поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара Ракичевиќ иако е релативно млада започна да оди по стапките на мама. Имено, таа веќе одреден период е водителка во естрадниот магазин „Бекстејџ“, а ова и помогна јавноста да ја запознае.

На ТВ екраните никогаш не можеме да ја видиме во лошо издание и секогаш одлично знае да одбере што да облече, но знаете ли кои и се омилените модни парчиња. Ќе дознаете и тоа, благодарение на нашата рубрика „Од плакорот на...“. Барбара одбра 4 модни парчиња, кои едноставно и се омилени и кои често можеме да видиме дека ги носи.

# Најпрво за мене „must have“ се барем еден пар „mom fit“ фармерки. Во моментов омилени ми се овие. Искрено многу повеќе ми се допаѓаат од нормални тесни фармерки. Може и вака да се изразам - многу ми се по фраерски хахаха, а секако во моментов се и тренд, посебно скинати како овие. За удобност да не зборувам.

# Обожувам да комбинирам бои, не сум тип кој е секогаш во црно или темни бои. Посебно во летниов период се чувствувам убаво во фустан кој како што знаеме да кажеме „не се ни чувствува дека е на нас”. Еден од нив е токму следниов. Има повеќе причини зошто ми е омилен, искрено сум заљубена во бојата, прави очите да ми дојдат до израз, може да се искомбинира и за преку ден, а и со некое убаво ременче, чанта, високи потпетици или сандали за навечер.

# Секогаш внимавам на детали и токму поради тоа и сметам дека секоја девојка/жена секогаш со себе треба да носи чанта. Јас од кога знам за себе и се облекувам сама не сум излегла од дома без чанта. Омилена ми е токму оваа црна, бидејки не знам како, но секогаш магично ми собира се што ми е потребно и секогаш ми одговара на се хахах. Секако има уште причина, а тоа е дека ми е подарок од мајка ми, па секогаш и ме потсетува на неа.

# За крај го оставив мојот омилен летен фустан, да можам би го носела и во зима, но ете хахах. За мене еден од најубавите делови на женското тело е делот кај рамената или над градите, па затоа и практикувам да носам маички и фустани со голи рамена. Овој фустан многу убаво го истакнува и струкот, а сепак надолу е широк со не пренападен отвор. Боите прекрасно стојат на исончан тен, а е и премногу пријатен и удобен. Кога сме веќе кај подароците овој е подарок токму од татко ми.

Може да ве интересира:

Од плакарот на Марио Арангеловски: Белата ролка - подарак од сестра ми е секогаш одличен избор

Од плакарот на Марио Манов: Црниот капут што има „способност“ да долови елеганција

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: