Од семејна среќа до исушени бели цветови: Каква порака крие Денот на вљубените?
14 февруари, односот Свети Валентин или Денот на вљубените секоја година се повеќе добива на значење и го привлекува вниманието на оние кои се во пар. Да, на оние заљубените. Овој ден сите си искажуваат неизмерна љубов, си подаруваат разни работи во симбол на љубовта... Но, сте се запрашале ли некогаш зошто се празнува овој ден?
Симбол на Свети Валентин е римскиот бог Купид, кој е прикажен со лак и стрела. Постои верување дека оној кој ќе биде погоден со неговата стрела, веднаш ќе се заљуби, но името на овој празник не е добиено по овој бог. Имено, празникот името го добил по светецот Валентин кој живеел во третиот век по Исус Христос.
Свети Валентин - заштитник на празникот на љубовта
Овој свештеник тајно ги венчал римските војници и нивните израбнички, бидејќи во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба, според која ниту еден војник не смеел да се венча, со цел да не му се одвлекува вниманието за време на војувањето. Оваа одлука морало да биде почитувана, а најмногу од свештениците, но свештеникот Валентин не потклекнал на овие наредби. Си ја ризикувал слободата или во најлош случај животот и тајно ги венчал војниците. На 14 февруари, еден ден пред римскиот празник Луперкалија, на свештеникот Валентин му била отсечена главата, бидејќи бил откриен, а по неговата смрт народот го прогласил за светец. По зацврстувањето на христијанството, тогашното свештенството се одлучило тој датум да се слави како ден на Светиот Валентин.
Денот на вљубените денес
Денес во целиот свет, Денот на светиот Валентин е познат како Ден на вљубените. На овој ден доколку имате партнер, не можете, а да не му подарите нешто во знак на вашата љубов. Доколку пак не сте тип кој купува подароци, тогаш заеднички организирате вечара или некоја заедничка активност, како што на пример е одењето на кино.
Како се прославува овој ден ширум светот
Според традицијата на англискиот двор во почетокот на 17 век, на Денот на вљубените млади мажи и жени си разменуваат прстени и бонбони. Секоја жена може да оди и да го побара мажот кој ѝ се допаѓа за да ѝ стане нејзинин сопруг. Најважно е дека мажот нема право да одбие една дама, но доколку неговото срце е зафатено, тој мора да ѝ подари свилен фустан.
Во Јапонија и Кореја празникот датира од 1930 година. Во Јапонија на Денот на вљубените само мажите добиваат подароци. Празникот за жените доаѓа еден месец подоцна, на 14 март, а денот е наречен „Белиот ден“. Спротивно на ова, во Кореја постои традиција на „Црниот ден“, во кој осамените мажи се собираат и опиваат.
Во Франција, овој ден се прославува со размена на накит и други романтични подароци, а во Данска мажите подаруваат исушени бели цвеќиња. На овој ден во Англија девојките се собираат пред изгрејсонце и погледнуваат низ прозорецот. Првиот човек кој ќе го видат се смета дека ќе им биде иден сопруг.
Полјаците веруваат во чудотворната сила на љубовта и затоа го сметаат за свој долг да одат во црква и да се помолат за семејната среќа.