Од Шакира до Ед Ширан: Најголемите плагијати во светот на музиката
Некои случаи завршија на суд...
Често слушаме дека на музичката сцена некој е обвинет за плагијат. Тоа се случува низ целата историја на музиката и малку кој бил исклучок од оваа непријатна пракса. Во продолжение имате листа од светски изведувачи кои се бореле со вакви ситуации како на суд, така и надвор од него.
# „Dark Horse“ - Кети Пери
Овој сингл беше една од најслушаните во светот од 2013 до 2014 година. Но, доколку на некој тоа не му беше во корист, тоа е раперот Flame, кој на 1 јули 2014 година ја тужеше пејачката, нејзината продукциска куќа и коавторите за кршење на авторските права на неговата песна „Joyful Noise“, објавена во 2008 година.
Судот во Лос Анџелес минатото лето и нареди на Кети и нејзиниот тим на раперот да му исплатат 2.78 милиони долари. Меѓутоа, по приложената жалба, пејачката е прогласена за невина, па нема да мора да му исплати ниту цент.
# „Frozen“ - Мадона
Белгискиот композитор Салватор Аквавива приложи опомена против Мадона на 22 октомври 2005 година, тврдејќи дека четири стиха од неговата „Ma Vie Fout le Camp“, објавена во 1993 година, се појавуваат дури 5 пати во песната „Frozen“ од 1998 година.
Продажбата и дистрибуцијата на оваа песна била забранета со години и по неколку жалби конечно истата заврши во февруари 2014 година.
# „Born This Way“ - Лејди Гага
Кога во 2011 година доби Греми за најдобар поп албум, за „The Fame Monster“, Лејди Гага наградата и ја посвети на жената која ја инспирирала за композицијата на песната „Born This Way“. Мадона? Не, туку Витни Хјустон. Не може во потполност да се окарактеризира како плагијат, но пола свет сфати дека оваа песна потсетува на „Express Yourself“ на Мадона.
Секако, Мадона го возраврати ударот со тоа што во 2012 година на својата турнеја ја отпеа „Express Yourself“ и дел од „Born This Way“ за публиката сама да процени. Со тоа додаде и стихови од „She's Not Me“.
# „Blurred Lines“ - Робин Тик и Фарел Вилијамс
Оваа песна на светско ниво го прослави Робин Тик, а провокативниот спот тоа го зацементира. Меѓутоа, неговата мелодија користи тонови од „Got to Give It Up“ на Марвин Геј, па не е ни чудно што се наследниците на музичарот, кој почина во 1984 година, ги тужеа авторите на „Blurred Lines“.
Судот во Лос Анџелес им наложи на Тик и Вилијамс да им платат 7.3 милиони долари на децата на Марвин, но следната година сумата била намалена на 5.3 милиони долари.
# Повеќе песни на Шакира
Неколку пати колумбиската пејачка беше обвинета за плагијати. Џери Ривер истакна дека почетокот на „Hips Don't Lie“ е премногу сличен на „Amores Como Nuestro“, а Вифредо Варгас сериозно размислуваше за тоа, но не ја тужеше за сличноста помеѓу нејзината „Waka Waka“ и неговата „El Negro Can't“.
Меѓутоа, федералниот судија во Њујорк потврди дека шпанската верзија на нејзината песна „Loca“ e плагијат на „El Cata“, која пак е плагијат на „Loca con Su Tiguere“, која во 1998 ја компонирал Рамон Ариас Васкез. Плагијатот на плагијат се случил бидејќи пејачката, преку својата продукциска куќа претходно ги купувала правата на „El Cata“.
# „Will You Be There“ - Мајкл Џексон
Италијанецот Албано случајно на радио ја слушнал „Will You Be There“ на Мајкл Џексон и веднаш му било јасно дека ја слуша својата „Cigni di Balaka“, која во 1987 годија ја отпеал со Ромин Пауер. Веднаш отишол на суд во Рим, каде судијата пресудил дека Џексон мора да му исплати 4 милијарди лири (денес над 2 милиони евра).
Двете страни направиле договор во 2001 година, а дури постоела можност и за заеднички концерт, но тоа не се случило.
# „We Can't Stop“ - Мајли Сајрус
Музичарот Мајкл Меј од Јамајка, познат како Flourgon, забележал дека дел од песната „We Can's Stop“ на Мајли потсетува на неговата „We Run Things“ од 1988 година. Особено стихот „We run things - things no run we“, кој во песната Мајли е „We run things - things don't rune we“.
Тужбата е поднесена во 2018 година и Мајли морала да плати оштета од неверојатни 300 милиони долари. Но, на 12 декември 2019 година, адвокатите од двете страни постигнале договор, а документот кој го потпишале не е објавен јавно.
# „Shape of You“ - Ед Ширан
Минатото лето, музичарот Сем Чокри го обвини Ширан за плагијат, тврдејќи дека неговата „Shape of You“ е многу случна на неговата „Oh Why“ од 2015 година.
Овде не беше крајот, бидејќи семејството на Марвин Геј повторно се огласи, како и наследниците на продуцентот Ед Таунсенд, обвинувајќи го за уште неколку плагијати. Дали Ширан ќе изгуби над 100 милиони долари, поротата во наредните неколку месеци ќе одлучи.