Одговори на провокациите: Брајс Хол конечно откри дали неговата врска со Адисон Реј е лажна

Одговори на провокациите: Брајс Хол конечно откри дали неговата врска со Адисон Реј е лажна

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Брајс Хол и Адисон Реј без сомнеж се два ТикТокери кои привлекуваат најголемо внимание, а нивната популарност постојано расте, бидејќи и во приватниот живот се пар. Колку таа врска е искрена ние не можеме да занеме, но и самите сигурно знаете дека врската на двајца толку популарни млади луѓе често се гледа само како начин да се дојде до пари. Истото со години се зборуваше и за Камила Кабелјо и Шон Мендес - дека нивниот дует „Senorita“ и целата врска е маркетиншки трик, иако изгледа дека нивната љубов е вистинска.

Кога две толку популарни личности се во врска, па и одреден период се разделуваат и повторно смируваат, околу нив се крева голема прашина! Секако, во целата приказна беа вплеткани и љубовните „триаголници“, кога Брајс е снимен на домашна забава додека малолетничка му тверка, но изгледа дека тој и Адисон се повторно среќна и заљубена двојка.


Сепак, повторно се појавија тврдењата дека нивната врска е само маркетиншки трик, па Брајс одлучи да сними видео за тоа и да ги прекине овие озборувања:


„Луѓе, нема да раскинеме на 3 или 4 декември, нема никаков план, ние сме обични 20 - годишни млади луѓе. Но, разбирам зошто луѓето мислат дека се преправеме, гледате двојка која кога ќе сподели видео на кое има 80 милиони прегледи, веднаш изгледаме како Џастин Бибер и Селена Гомез“ - зборува Брајс низ смеа, но очигледно е дека е сериозен и дека ова малку му пречи.

Брајс дури открива и дека тој и Адисон се сосема различни кога не се „пред камерите“: „Ние дури не ни играме во приватниот живот. Можеби тоа ви звучи лудо, но многу малку време поминуваме на телефон. Времето лета кога си на телефон, а ние сакаме да го живееме животот во моментот, да споделиме нешто и да го тргнеме телефонот настрана“ - открива тој.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: