Одлучив никогаш да не се вратам на Јутјуб: Бака Прасе шокираше со одлуката, па ја откри причината
Сега одлучи да ја открие својата причина за повлекувањето и објасни зошто донел одлука повеќе да снима видеа за Јутјуб...
Најпознатиот јутјубер во регионот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, целосно се повлече од јавноста откако ја прекина врската со инфлуенсерката Ања Бла.
Сега одлучи да ја открие причината за повлекувањето, и да објасни зошто ја донел одлуката повеќе да не снима видеа за Јутјуб, кој му донесе популарност, но и пари.
Имено, Бака на своите обожаватели им се обрати на Инстаграм, каде помеѓу останатото кажа:
„Често говорев дека ќе престанам да снимам во оној момент кога нема повеќе да сакам да го правам тоа... Тој момент дојде. Тогаш одлучиш да престанам и никогаш да не се вратам на Јутјуб“ - запозна јутјуберот.
„Факт е дека од инцидентот со малолетниците, во 2020 година, јас не зимав ниту еден денар од спонзорства, и веќе година и пол заработувам само од прегледи, а како што знаете, тоа и не е некоја голема сума“ - напиша Јутјуберот и потоа објави графикот кој ја прикажува точната сума на неговата заработка од прегледи во текот на изминатите пет и пол години, колку што се занимава со јутјуберство.
Потоа, Богдан откри што е она што психички најмногу влијаело на него.
Наведе дека првата ситуација која тешко ја доживеал е трагичната смрт на јутјуберката Кристија Кика Ѓуриќ, а потоа и разделбата со Ања.
Им се извини на обожавателите за тоа што се повлекува и наведе дека, доколку почувстува дека е подготвен и дека повторно сака, ќе почне да снима.
Целата исповед на Бака Прасе, може да ја прочитате во продолжение:фото: Принтскрин / Инстаграм