Огромна е: Џефри им дозволи на следбениците да ѕирнат во новата вила

Огромна е: Џефри им дозволи на следбениците да ѕирнат во новата вила

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Погледнете каде од неодамна живее Џефри Стар...

Џефри Стар 2020 година на Јутјуб ја започна во голем стил. Објави тура од својата нова вила и ги воодушеви обожавателите со раскошниот и интересен ентериер.

Џефри и неговиот партнер, Nathan Schwandt, неодамна се преселија во новиот дом, а сега тој свој дом одлучија да го споделат со неколкуте милиони следбеници.

Штом влезете во куќата доаѓате до огромно лоби со раскошни скали, а потоа тука е и трпезаријата во која може да се сместат 14 луѓе, лифт кој ве води на другите катови, гаража со скапоцени автомобили и уште многу прекрасни простории.

Спална соба е поголема од многу просени станови во светот, а за да остане во форма, Џефри си направил и приватна теретана во својата вила. Да не заборавиме има и приватен „спа“ за кога ќе сака да се опушти од напорниот Јутјуб живот, а доколку му се плива тоа може да го направи во приватниот базен.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: