Oli Dambo: „Влегов во шахта за да снимам видео!“
Оливера Каменаровска или попозната како Oli Dambo е една од ретките девојки кај нас што снима и објавува видеа на Јутјуб. Оваа петнаесет годишна јутјуберка ја запознавме и преку улогата што ја што ја имаше во неодамна снимениот долгометражен, тинејџерски филм „Ема“. Оли за Hashtag.mk открива со кои јутјубери најмногу се дружи, кое ѝ е омилено видео и што би правела доколку нема Интернет...
#1
Како започна твoјата YouTube приказна?
- YouTube ми е главна занимација веќе две години, но дефинитивно сè е многу поразлично од почетокот. Сега веќе не е само желбата, туку имам и голема мотивација, а затоа сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ме следат и на кои им се допаѓаат моите видеа. До идејата да почнам со YouTube, дојдов искрено преку ноќ. Претходно ја знаев само Изабела Пан, а во моментот кога ми текна да снимам почнав да пребарувам и запознав уште неколку македонски јутјубери (поголем дел не снимаат денес.) И потоа го снимив и објавив моето прво видео. Снимам затоа што ме прави среќна да гледам дека нечиј ден се разубавува кога ќе погледне некое мое видео и затоа што преку YouTube запознав многу интересни луѓе.
#2 Со кој од останатите Јутјубери најмногу се дружиш?
-VJ, Kатерина Илиевска, 100jan, Cika Thunder, Иван...
#3 Објавувањето на интернет има и позитивни и негативни коментари, како се справуваш со негативните коментари?
- Искрено со тек на време човек се учи да „не се замара”, во споредба со почетокот сега воопшто не ни застанувам да ги дочитам т.н. хејт коментари. На крајот од денот, сите знаеме дека на Интернет секој е силен и дека половина од хејтерите кога ќе нè видат во живо ни зборуваат дека се добри видеата или во најмала рака, не споменуваат ништо. Затоа совет до сите кои снимаат или сакаат да почнат да снимаат на YouTube: Се додека вие напорно работите и сте задоволни од видеото кое сте го снимиле, не е важно што ќе речат другите.
#4 Кое
од твоите видеа ти е омилено и зошто?
- AKO PENNYWISE BESHE MAKEDONEC , едно од моите понови видеа, мини пародија на хорор филмот “IT”. Видеото ми е омилено бидејќи е едно од ретките кои можам да ги гледам сама одново и одново и да се смеам на секое гледање. А фактот што влегов во шахта за да го снимиме, е дефинитивно плусче.
#5
Ти си
една од ретките девојки во Македонија кои објавуваат видеа на Јутјуб, а тоа го правиш
уште од пред две години. Кој совет би им го дала на девојките за да ги
мотивираш да почнат да снимаат?
- Како што кажав и погоре. Не се замарајте што мислат другите. Тоа што го правите, правете го од љубов и со љубов. Не е важно што сте девојчиња, можеби тоа е и мал плус во моментов на македонската YouTube сцена, нема многу од нас и затоа сите се знаеме меѓусебно, а со тоа и е можна поголема дружба и соработка.
#6 Најлуд коментар што си го добила од некој обожавател?
- Добив прашање од детенце на околу 10 години кое прв пат го видов на одмор во Охрид кое гласеше: „Може да ми кажеш како ти е точната адреса од дома за да ти ја најдам куќата на Google Earth?’’
#7
Најкористен
хаштаг?
- #vscomacedonia
#8
Омилена
песна?
- Имам многу, но моментално би ја издвоила If Walls Could Talk oд Five Seconds Of Summer.
#9 На 3-ти ноември премиерно беше прикажан долгометражниот филм „Ема“, во кој глумиш и ти. Кажи ми нешто повеќе околу тоа? Сите емоции за време на снимањето и по рецепцијата на филмот од македонската публика. Дали очекуваше толку голем успех?
- Чувствата кои експлодираа во мене и во сите кои работевме на филмот во моментот кога излеговме пред полната сала на Cineplexx, не можат да се објаснат со зборови. За „Ема” добивме многу позитивни критики и медиумска заинтересираност која искрено не ја очекувавме. Секој ден снимањето беше полно со смеа, забава но и замор, а и милион изненадувања (пријатни и непријaтни). На крај сето тоа се исплатеше и добивме нешто за кое се надеваме дека допрва ќе се зборува. Филмот ќе биде на репертоарот на Cineplexx до 14-ти Ноември.
#10 Што пееш додека се тушираш?
- Било што од Red Hot Chili Peppers или Guns ‘N' Roses.
#11 Позната личност која би сакалa да ја запознаеш?
- Milan Ilic (Yasserstain) oд балканов, а Dylan O’Brien од светски рамки.
#12 Кој ти е омилен цртан од детството?
- „Ноди” и искрено уште знам да си го пуштам на YouTube понекогаш.
#13 Што не сакаш да јадеш?
- Не сум човек што пребира храна, но зачудувачки не јадам лазања.
#14 Како успеваш да најдеш баланс помеѓу училишните обврски и снимањето на јутјуб?
- Најчесто снимам кога сакам да одморам и да се позафркавам, едитирам за половина час - некогаш цел час (зависно од видеото) во слободно време и потоа го оставам рендерот и учам или продолжувам со други обврски. На тој начин имам време да вадам барем по едно видео неделно.
#15 Што би правела ако немаш Интернет?
- Би фотографирала, цртала, играла кошарка, читала, би снимала видео кое подоцна ќе го објавам или накратко би правела било што за кое би била расположена во моментот.
#16 Омилена серија?
- Stranger Things и Teen Wolf.
#17
Кои се твои омилени Јутјубери во светски рамки и
имаш ли контакт со некој од нив?
- Zoella и Tal Fishman (Reaction Time), Тал ми има лајкнато 2 твита ако тоа се важи xD.
#18 Место кое најмногу сакаш да го посетиш?
- Zhangye Danxia, Кина и Bagan, Myanmar.
#19 Најголем страв?
- Кловнови.
#20 Неостварена желба?
- Да гледам NBA натпревар во живо.
Сапскрајбнете ѝ се на Оли на Јутјуб: Oli Dambo
Заследете ја на инстаграм: @oli_dambo