Омилената од сите снаи, кралицата ја задолжи за Меган Маркл
Војвотката од Весекс, Софи е „омилената“ снаа на кралицата, а често оди и со неа на патувањата, каде присуствуваат на црковните служби, пренесува DailyMail. Софи е сопруга на Едвард, едно од четирите деца на британската кралица Елизабета II.
„Кралицата и верува и се потпира на неа, што не се однесува и на војвотката од Кембриџ или војвотката од Корнвол. Она е како нејзина ќерка“ - за британските медиуми изјави висок официр на кралското семејство.
Велат дека блиската врска на кралицата и Софи се сведува на нивните слични интереси, а заедно често ги поминуваат саботните или неделните вечери, гледајќи стари воени филмови и историски документарци. Изгледа дека Софи ја убедила кралицата да го изгледа „The Crown“, што сугерира дека би можела да ужива и во серија на Нетфликс, која е заснована на нејзиното кралство.
Минатиот месец се дозна дека кралицата ја доделила војвотката од Весекс како „неофицијална менторка“ на војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Имено, на кралицата и се допаднала таа идеја, а како што кажува, Софи често ги носи децата на јавање и си игра со нив во палатата. Тоа е мирен стил на живот, баш онаков каков што Меган и принцот Хари сакаат.