Омилениот бренд за шминки повторно обвинет за кражба: Украден дизајнот на познат јутјубер?

Омилениот бренд за шминки повторно обвинет за кражба: Украден дизајнот на познат јутјубер?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ова не е првпат овој бренд да биде обвинет за кражба на туѓите идеи.

Големите брендови го оправдуваат тоа доколку малку украдат од малите брендови со надеж дека никој нема да забележи. Брендот за шминка Revolution налути многу луѓе со последниот потег.

Познатиот мејкап јутјубер Manny MUA пред неколку дека сними видео кое е погледнато од над милион луѓе, а во истото објаснува дека Revolution овој пат од него го украле неговиот мал бренд Lunar Beauty. Овој негов бренд засега е мала семејна компанија, а тој во своето видео објасни што се случило. 

Manny во видеото тврди дека платил неколку илјади долари за да креира нешто вакво и дека истото е единствено. Во видео ги покажа своите нацрти и сите детали, уште од 2018 година кога започнал да работи на ова.


Неговите обожаватели се сложија со него, а многу луѓе најавија и дека престанале да ги купуваат производите од Revolution. Поради ниските цени на своите производи многу луѓе ги купуваат нивните шминки, но со ваквиот потег полека, но сигурно ги купат купувачите.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: