Ќерката на водителката Александра наполни две години: Омилените ликови на Сара и боите на виножитото (ФОТО)
Познатата водителка сподели повеќе фотографии и видеа од роденденската забава...
Исто како и кога ја донесе на свет, така и сега, неколку дена по роденденската забава, водителката Александра Пановска Илиевска сподели фотографии од вториот роденден на нејзината ќерка.
Имено, малата Сара на 23 јануари наполни 2 години, а сега, неколку дена подоцна, водителката со своите следбеници покажа како го прославиле овој голем ден.
Маскотите Стела и Сани ја добија најтешката задача - да ги забавуваат дечињата кои присуствуваа на забавата, а мама Александра се погрижи и декорацијата да биде по желбата на Сара. Преовладуваа боите на виножиното, а дури имаше и декорација од балони во форма на виножито. Големото плишано мече исто така го најде своето место.
По фотографиите исто така може да се забележи дека малата Сара навистина уживала, а како изгледало сето тоа, може да погледнете на фотографиите во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм