Омразата јавно ја потврдија: Познати личности кои го мразат Божиќ
Сѐ уште не можеме да се помириме со тоа дека Лејди Гага и Џенифер Анистон не го сакаат Божиќ...
Можеби звучи нереално, но постојат познати личности кои всушност го мразат Божиќ. Со тој факт никако не можеме да се помириме со оглед на тоа дека периодот со празници е најубавиот период од годината, но некои од овие познати личности сепак имаат оправдана причина зошто толку го мразат (додека на некои сепак не се оправдани).
Тешко е да се поврзе дека некои познати личности не го сакаат Божиќ. Во периодот со празници, Инстаграм е преполн со фотографии и декорации од домовите на познатите, но на профилите на некои познати личност тешко дека ќе најдеме такви фотографии. Како што пишува „US Weekly“, овие три познати жени го презираат Божиќ. Некои од нив имаат навистина оправдана причина зошто го мразат, додека други баш и не. Така, овие познати ѕвезди се најдоа во листата на топ 3 ѕвезди кои не ги сакаат празниците.
# Лејди Гага
За Лејди Гага скоро сите знаат дека е една од личностите кои најмногу го мразат Божиќ, а најмногу се памети нејзиниот инцидент на еден концерт кога ја изгриза играчката Дедо Мраз, и тоа за време на концертот: „Ги мразам празниците. Сама сум и жална“ - кажа тогаш.
# Мајли Сајрус
Мајли во 2016 година на својот Инстаграм профил го сподели своето мислење за Божиќ и наведе дека тоа за неа е малку претерано: „Наречете ме Гринч, но мене Божиќ секогаш ме прави тажна. Исполнет е со толкава претераност и алчност“ - напиша. Таа е една од оние ретките кои не го сакаат Божиќ, а можеби мислењето ѝ е променето во овие неколку години.
# Џенифер Анистон
Познатата актерка од серијата „Пријатели“ призна дека порано апсолутно го мразела Божиќ поради традицијата на која ја терало нејзиното семејство: „Кога бев мала, ме тераа на ориентален танц, на Божиќ. Цела страна од семејството на татко ми е од Грција, па се облекував како Гркинка, а потоа танцував на Божиќ, поради што одев на часови по ориентален танц. Тоа дури немаше никаква врска со Божиќ“ - кажа и смета дека целта им било само да ја понижат со тој танц.
фото: Принтскрин / Инстаграм