Она кога милионерка слави прв роденден на синот: Ѕирнете во луксузната забава која ја организираше Кајли Џенер (ФОТО)
Со емотивната порака за наследникот разнежни милиони луѓе...
Познатата инфлуенсерка Кајли Џенер предизвикува големо внимание во јавноста со секој свој чекор, а неодамна се најде во центарот на медумскиот интерес, кога одлучи на јавноста да ѝ открие како се вика нејзиниот син.
Кајли на својот син му даде име пред неговиот прв роденден. Иако првобитно по еден месец од раѓањето, на детето му го дадоа името Волф, набрзо потоа се предомисли, а новото име го криеше до пред неговиот прв роденден.
Кајли вчера со семејството го прослави првиот роденден на синот Aire и по тој повод организираше голема прослава и вистинска мала детска бајка. Балони, скапоцени играчки, торта во облик на тркачки автомобил, се само некои од деталите во кои децата кои присуствуваа на роденденот на наследникот на Кајли можеа да уживаат.
Откако на стори сподели кадри од роденденската прослава, Кајли објави и емотивно видео кое е направено од најубавите моменти со нејзиниот син, со емотивна порака со која разнежни милиони корисници на Инстаграм.
„Aire, сине мој, моја месечино, моја ѕвездо. Ова е најдобрата година во мојот живот со тебе. Не исполнуваш ангелу мој. Те сака мама, среќе 1-ви роденден. Нека Бог секогаш те благословува“ - напиша Кајли во честитката за својот син на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм