Опасен тренд помеѓу тинејџерите во Белград: Трчаат по автобус, а кога ќе се качат сите патници го прават ова
За жал, често на социјалните мрежи се појавуваат видеа кои прикажуваат опасни трендови помеѓу тинејџерите...
Сега се појави нов тренд, во кој децата најпрво трчаат по автобусот, а кога ќе влезат патниците во возилото и кога ќе се затворат вратите, тинејџерите го одвртуваат вентилот што наеднаш го запира автобусот, што создава ризик од повреда на оние кои во тој момент се наоѓаат во возилото. Возачот потоа мора да повика сервис и да ги замоли патнците да излезат од автобусот.
На ТикТок е објавено видео од Белград од автобус со број 78 и ова не е единствен случај.
„На мене тоа ми се случи денес во автобусот број 17, сѐ запре во секунда, јас не знам што прават овие деца“ - кажа патникот од автобус за „Телеград“.
И претходните години имаше низа опасни трендови на ТикТок или како што се познати кај младите - предизвици од социјалните мрежи.
„Повеќе го нема концептот срам. Тоа во психологијата се вика надворешен и внатрешен локус на контрола. Задачата на родителите е преку образованието да им покажат на своите деца дека се сакани, но и да ги научат на правилно однесување. Да ги научат со забрани кои одредени однесувања ги дефинираат како недозволени, однесувања кои може да го загрожат животот и безбедноста на детето и безбездноста и животите на другите луѓе кои се наоѓаат во близина на детето. Родителите генерално ја изгубија таа улога, па децата не се свесни дека одредени форми на однесување се опасни, како што е опасно трчањето по автобус и сето она што го прават во рамките на споменатиот „тренд“. Треба да го вратиме концептот на срам и (не)дозволиво однесување“ - искоментира за српските медиуми, психологот Татјана Даничиќ и додаде дека влијанието на социјалните мрежи врз децата е огромно и дека родителите честопати се понемоќни над активностите на децата на социјалните мрежи, отколку над она што се случува во реалниот живот. Тоа дополнително укажува на неопходноста од следење на активностите на децата на социјалните мрежи.
Психологот исто така го насочува вниманието и кон тоа дека однесувањето на одредени деца може да влијае над други деца кои учат преку копирање.
„Од возрасните треба да зависи кои содржини ќе ги гелдаат и што ќе копираат“ - додаде таа.
Покрај следењето на тоа шот децата гледаат на социјалните мрежи, стручните лица советуваат дека е добро да се осмислат алтернативни активности за децата, и со тоа да им се оддалечи вниманието од Интернетот и сето она на што таму можат да бидат изложени.
фото: Принтскрин / ТикТок