Опасност од бегство или уништување на докази: Беливук и неговата криминална група добија уште три месеци притвор
Обвинителството за организиран криминал започна истрага против 22 личности...
Апелациониот суд во Белград пред една недела го продолжи за уште три месеци притворот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ и останатите припадници на нивната организирана криминална група, која се терети за најтешки кривични дела.
„Притворот на Беливук и останатите им беше продолжен поради сите законски причини - опасноство од бегство, опасност дека ќе сокрие или уништи докази, дека не ги повторат кривичните дела во краток временски период, како и поради вознемирување на јавноста“ - истакна потпаролката на судот Мирјана Пиљиќ.
Според оваа одлука на судот притворот може да им трае до 2 август, додаде Пиљиќ.
Оваа група е уапсена на 4 февруари. За Беливук и Миљковиќ постојат сомневања дека организирале криминална група која извршувала низа најтешки кривични дела, сокривајќи се под навивачката група на Партизан, „Принципи“.
Покрај нив, тогаш беа уапсени уште 20 припадници, а обвинителството за организиран криминал започна истрага против 22 личности.