Оптичка илузија што ќе ви го одземе здивот (ГАЛЕРИЈА)
Линијата помеѓу илузијата и реалноста честопати може да биде премногу тенка, нејасна и да ја снема, обидувајќи се да ја видиме појасно.
Уметниците од различни сфери се обидуваат да ги истуркат границите на илузијата. Создавајќи илузија, тие си играат со човечкиот ум, го тераат да гледа работи што ги нема и да го игнорира она што го гледа директно.
Младата артистка Даин Јун, не користи ништо друго освен нејзиното лице како платно. Со создавање на многу впечатливи оптички илузии, ги турка границите на реалноста и може слободно да се каже - ви го поматува умот. Бидејќи од сите сетила, најмногу веруваме на своите очи, но оваа млада артистка се обидува да ни покаже колку лажна слика можат да ни претстават дури и сопствените очи.
Како што самата вели, причината поради која започнала да се занимава со илузии е што верува дека луѓето најчесто живеат во илузии. Луѓето сфаќаат сè на свој субјективен начин - тврди таа.
Добар број луѓе сметаат дека илузијата е измама. Сепак, Даин тврди дека ова не е измама. Илузијата нè тера да ги доживееме работите од нов агол, потопени во нивната суштина. Даин верува дека сè што се чини малку поразлично од првобитната форма може да биде илузија или да го исфрли поединецот од илузијата во која живее.
Илузијата или оптичката илузија, всушност, го наведуваат умот да сфати колку е ограничен со сликата што ја гледа секојдневно.
Извор: bored panda
Погледнете ја галеријата со фотографии и проценете сами: