Откако изјави дека е небинарна личност: Деми Ловато сега сепак сака да ѝ се обраќаме во женски род
Пејачката Деми Ловато прави нови промени во животот. Имено, таа во последните неколку дена на својот Инстаграм ги сменила заменките кои ги користеше претходно „тие/“(„they/them”), додавајќи „таа/неа“ („she/her”).
Покрај тоа, таа покажа нови тетоважи на неколку фотографии на нејзиниот Инстаграм Стори во понеделникот - истетовираниот збор „љубов“ на едното рамо и „страв“ на другото.
Деми едноставно ја опиша фотографијата со „Duality“ и едно црно срце.
Пејачката во мај минатата година изјави дека е небинарна личност:
„Во текот на изминатата година и половина, работев на исцелување и саморефлексивност. И преку оваа работа, открив дека можам да се идентификувам како небинарна личност. Официјално ќе ги сменам заменките во “they/them”, рече пејачката.
Поранешната ѕвезда на Дизни потоа додаде: „Чувствувам дека ова најдобро ја претставува флуидноста што ја чувствувам во мојот израз и ми овозможува да се чувствувам најавтентично и најверно на личноста што ја знам дека сум и сè уште ја откривам“.
Сепак, изгледа работите се сменија, бидејќи Деми сега сака да ѝ се обраќаме во женски род.
Автор: Famoza.net