Откако ја прозиваа застана на вага: Педесет годишната Хајди Клум откри колку килограми има

Откако ја прозиваа застана на вага: Педесет годишната Хајди Клум откри колку килограми има

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Како што минува времето, Хајди Клум (50) добива се повеќе комплименти. Кога ќе излезат нејзините фотографии, сите се прашуваат како е можно таа да изгледа подобро од колешките кои имаат пола од нејзината возраст. Неодамна познатата манекенка е во центарот на вниманието поради бројот на килограми или поточно поради бројот на калории што ги внесува. Кога протече информацијата дека Хајди внесува само 900 калории дневно, што е значително помалку од препораките на нутриционистите, па се појавија низа коментари.

„Грозно, знаеш ли што се 900 калории?“, „Опасно е да се даваат такви изјави и да не се мисли дека е нездраво“, „Мислам дека е важно да се зборува за тоа, дека всупност е нарушувањата во исхраната “, напишаа многумина. Сепак, Хајди никогаш не изјавила дека внесува толку малк калории.

Затоа реши да застане на вага и да покаже колку тежи. Таа откри дека има 62,5 килограми. Хајди е  висока 175 см, што значи дека нејзиниот индекс на телесна маса е во нормала.

„Само што дојдов дома и некои пријатели ми ги испратија овие написи, каде што пишува дека јадам само 900 калории. Прво, сакам да кажам дека никогаш не сум морала да бројам калории во мојот живот. “, рече Хајди. Да потсетиме, во август 2017 година „Women's Health“ ја објави диетата на Хејди која ја консумирала по препорака на нутриционистот.

Вклучуваше појадок, кој се состоеше од три органски белки од изматени јајца со спанаќ, зелен пипер, млад кромид, магдонос, заедно со мала чинија со свежо овошје и чај без млеко. За ручек, манекенката понекогаш имала мисирка или пилешко со ориз, пржен зеленчук и салата со маслиново масло. За вечера се одлучила за лосос или пилешко со салата и зеленчук, а за десерт темно чоколадо или грчки јогурт.

"Морав да јадам пица со тартуфи и тестенини со тартуфи. Не дека не се препуштам на задоволствата, но не цело време", открила Хајди. Според нутриционистите и диететичарите, просечна возрасна жена треба да внесува 2.000 калории дневно, па манекенката со овој потег дефинитивно стави крај на шпекулациите.

youtube/screenshtot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: