Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово
Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8.септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка на Халкбанк – Halk Velo Green.
Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3. септември.
Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.
И оваа година трката ќе биде организирана во три категории:ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови.
Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба.
Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката на Халкбанк, се поставени на веб страната: halkvelogreen.mk
HalkVeloGreen е дел од општествено одговорните активности на Халкбанк насочени кон поттикнување и негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат во партнерство со Mastercard преку платформатаХалкЕко.
Започната во 2020 година, оваа трка побуди голем интерес кај луѓeто кои го користат велосипедот за спортување, рекреација или како превозно средство.
HalkVeloGreen успешноја постигнува и својата зелена мисија, преку донациите за засадување над 20.000 садници во македонските шуми – со средства генерирани во заедништво на организаторот и учесниците на трката.
ПР објава