„Ова е најтрагичното нешто што сум го видел“: Има милиони, но не знае да сецка краставица - Кендал Џенер со денови е мета на потсмев (ВИДЕО)

„Ова е најтрагичното нешто што сум го видел“: Има милиони, но не знае да сецка краставица - Кендал Џенер со денови е мета на потсмев (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Кендал Џенер е пред камерите уште од мала и е добро позната за јавноста ширум светот.

Кендал имаше само 11 години кога имаше премиера на Keeping Up With the Kardashians.
После тоа, го потпишала својот прв договор како модел на 13-годишна возраст и се школувала во приватни училишта.
Како нивната реалност станувала се попопуларна, семејството живеело во се поголем луксуз - сега имаат приватни авиони, готвачи, одат на луксузни патувања. Едноставно кажано, тие ги имаат сите привилегии и живеат удобен живот.

Сепак, најголемо внимание привлече последната епизода, а Кендал е главна тема на разговор на Интернет.

Имено, Кендал доаѓа кај нејзината мајка Крис и го одбива предлогот готвачот да ѝ подготви нешто за јадење, па сама одлучува да си направи сендвич. Сепак, никој не се ни посомневал дека сецкањето на краставица ќе биде причина за пишување на медиумите.

 Крис ја предупреди Кендал да внимава и на крајот го праша готвачот дали ќе и исецка краставица, но таа не се откажа во обидот да ги покаже своите вештини.


Видеото набрзо стана вирално, а следеа бројни коментари.„Да се ​​гледа како Кендал Џенер сечка краставица е најтрагичното нешто што сум го видел“.

„Ова е најболното нешто што сум го видел.“

„Гледајте како Кендал се обидува да не биде разгалена богаташка со тоа што ќе си го измести рамото со сечкање краставица...“

Некои се согласија дека тоа се последиците од животот во кој сите работеле за неа, а таа самата не ги научила основите работи во животот.

Да потсетиме, самата Кендал Џенер пред неколку години истакна дека сака да поминува време во кујна и да готви, а во тоа најмногу и помогнале сестрите и мајката бидејќи ја учеле кога била мала.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: