„Ова е тежок период за нас“: Немања Гудељ ја откри вистината за наводното раскинување со Анастасија

„Ова е тежок период за нас“: Немања Гудељ ја откри вистината за наводното раскинување со Анастасија

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Како бомба одекна веста дека по враќањето на Анастасија Ражнатовиќ во Белград, таа ја прекинала врската со Немања Гудељ. Вистина е дека ќерката на Цеца по немилиот настан се врати во Србија во семејниот дом, сепак многумина тоа го смеаа како крај.

За среќа, се е во најдобар ред помеѓу пејачката и спортистот. Се сакаат како првиот ден, можеби и повеќе. Болката поради прекинот на бременоста уште повеќе ги спои, а проблемите не ја нарушија нивната врска, за што најдобро сведочат фотографиите кои фудбалерот ги споделува на својот Инстаграм последните денови.


Имено, откако неговиот клуб Севиља стана европски првак, Немања покрај фотографии од фудбалскиот терен и навивачите, објави и една со Анастасија. И мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ, објави слика од прегратката на парот, која во описот додаде дека го има најдобриот зет на светот и дека е многу горда.

- Ова е тежок момент за нас, но нашата љубов ќе победи - напиша Немања во описот и целосно ги демантираше шпекулациите за раскинувањето кои моментално кружат низ медиумите.

Времето ќе покаже дали парот како што се планираше наскоро ќе се венча или пак овој пат ќе почекаат за тоа. Засега Анастасија одмара во својот дом опкружена со најблиските кои и даваат најголема поддршка во овој момент.


Фото:Nemanjagudelj/instagram

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: