Ова го чекаа сите: Кејт и Вилијам се огласи по повод раѓањето на малата Лилибет Дајана
Тие двајца не кријат дека се воодушевени од раѓањето на малата Лили...
Поранешната актерка и војвотка од Сасекс Меган Маркл на свет го донесе второто дете, девојчето на кое му го дадоа името Лилибет „Лили“ Дајана Моунтбатен - Винзор.
По повод среќната вест се огласија и братот на Хари, принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Тие двајца не кријат дека се воодушевени од раѓањето на малата Лили, а своите честитки ги споделија на својот профил на Твитер.
„Им честитаме на Хари, Меган и Арчи“ - напишаа во соопштението. Честитки упатија и принцот од Велс и татко на Хари, Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвел.
„Им честитаме на Хари, Меган и Арчи за раѓањето на Лилибет Дајана, им посакуваме сè најдобро во овој посебен момент.“
We are all delighted by the happy news of the arrival of baby Lili.
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) June 6, 2021
Congratulations to Harry, Meghan and Archie.
Претходно и прабабата, кралицата Елизабета Втора во заедничката изјава ѝ посака добредојде на својата правнука.
„Им честитаме на војводата и војвотката од Сасекс за раѓањето на Лилибет. Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвел и војводата и војвотката од Кембриџ се пресреќни за вестите. Лилибет е 11 правнуче на Нејзиното височество“ - пишуваше во соопштението.
Изворите на магазинот „US weekly“ велат дека Вилијам и Кејт испратиле подарок за Лилибет веднаш што ги слушнале вестите. Членовите на кралското семејство не се виделе од март 2020 година, кога Хари и Меган отпатуваа за Калифорнија.
Сепак, Хари во април оваа година ги виде роднините кога беше на погребот на принцот Филип.
фото: SHUTTERSTOCK