Ова се 6-те правила кои мора да ги почитуваат децата на Роналдо: Ќе се шокирате што прават откако ќе изедат чоколада
Секој родител го сака најдоброто за своето дете, а Кристијано Роналдо не е исклучок. Прославениот напаѓач има високи стандарди кога станува збор за нивното воспитување, а акцентот е пред сè на здравиот начин на живот и следењето на строго испланирана исхрана.
Да потсетиме, фудбалерот го доби своето прво дете во 2010 година - синот Кристијано Јуниор, а никогаш не сакаше да го открие идентитетот на мајката, која воопшто не е вмешана во животот на момчето. Во јуни 2017 година Роналдо ги доби близнаците Ева и Матео со помош на сурогат мајка, а во ноември истата година ја доби и ќерката Алана со својата избраничка Џорџина Родригез. Во април 2022 година, Џорџина роди уште еден пар близнаци - момче Анхело и девојче Бела, но за жал момчето почина кратко по раѓањето.
А да видиме како Роналдо и Џорџина ги воспитуваат своите пет деца.
1. Кристијано Роналдо јуниор тренира фудбал неколку часа на ден
Во документарниот филм на Нетфликс „Јас сум Џорџина“ славниот фудбалер истакна колку е важно на децата да им се покажува љубов и благост и дека никогаш нема да ги притисне да направат нешто. Од друга страна, неговиот син тренира по неколку часа на ден, а Роналдо во истиот документарец додаде дека ова момче може да стане одличен фудбалер доколку остане посветен на спортот. Од татко му научил да се тушира со ладна вода и да не јаде брза храна.
2. Роналдо и неговите деца имаат здрав, но ригорозен начин на живот
„Јас практикувам исхрана богата со протеини, со многу здрави јаглехидрати, житарки од цели зрна, овошје и зеленчук и избегнувам слатки“, ја опиша еднаш Португалецот својата исхрана. Исто така, тој никогаш не консумира газирани пијалоци и пие многу вода дневно, а овој начин на исхрана важи и за остатокот од неговото семејство.
3. Децата на Кристијано вежбаат после секоа јадење слатки
И покрај строго планираната диета, децата на Роналдо од време на време можат да уживаат во по некоја блага работа. Во август 2016 година, Роналдо објави видео од тогаш 6-годишниот Роналдо Јуниор како трча на лента за трчање и изјави: „Јадевме сладолед, сега е време за вежбање“.
4. Роналдо инвестира во образованието на своите деца
Децата на Роналдо се запишани во престижно училиште за „милионери“ во Португалија, кое важи за едно од најдобрите во земјата, потврдија годинава португалските медиуми.
5. На децата на Роналдо им треба многу простор и приватност
Вереницата на Роналдо, Џорџина, во документарецот спомена дека на нивното семејство му треба луксуз не само дома, туку и на патување. „Потребни ни се многу соби, приватен базен, лесен пристап до пристаниште во кое може да се смести помал брод и поголемо парче земја за да не мора да ја напуштаме вилата ако сакаме да ги однесеме децата на прошетка- откри таа.
6. Роналдо спроведува строг хигиенски режим во своето семејство
Физичката активност и исхраната на Роналдо не се единствените работи што треба да ги следат неговите деца, тоа се однесува и на личната хигиена. Така тој еднаш сподели видео на Инстаграм каде проверува дали сите негови малечки ги измиле рацете пред јадење.
Извор: zena.blic.rs