Ова се сите деца на Мадона: По скандалозните фотографии, на ред дојдоа семејните, од кои сите се разнежнија (ФОТО)

Ова се сите деца на Мадона: По скандалозните фотографии, на ред дојдоа семејните, од кои сите се разнежнија (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

По низата скандалозни фотографии, на ред дојде и семејната фотографија, која ја сподели Мадона...

Мадона објави фотографија со своите биолошки и посвоени деца.

Од Мадона сме навикнати да гледаме многу скандалозни фотографии, но овој пат ги изненади сите со семејната фотографија на која позира со сите своите деца, која е направена за Денот на благодарноста. 

Имено, Мадона ретко објавува фотографии со своите деца, па скоро па никој и не се сеќава како изгледаат. Но, пејачката сега објави фотка со децата и со тоа ги воодушеви своите следбеници.

„Толку сум благодарна“ - напиша Мадона во својата објава на Инстаграм.

За потсетување, Мадона Роко го доби со познатиот режисер, а додека беа заедно го посои и Дејвид како 13-месечно бебе.

Ќерката Лудрес ја доби со партнерот Карлос Леон. По Дејвид во 2009 година ја посвои и Мерси Џејмс, а во 2017 година ги посвои и тогаш четиригодишните близнаци.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: