Ова се внуците на Елвис Присли: Неговата најстара внука е позната актерка, додека единствениот внук заврши трагично како пејачот
Елвис Присли и неговата сопруга Присила имаа само една ќерка, но затоа Лиза Мари роди четири деца. Двете најмлади внуки на Елвис Присли се близначки, кои веќе имаат 14 години. Нивното семејство го погоди огромна трагедија. Најстариот внук на музичарот, Бењамин, изврши самоубиство. Имаше проблеми со депресијата и дрогата.
Близначките Харпер и Финли Локвуд имаат 14 години. Родени се во 2008 година, како ќерки на Лиза Мари Присли и Мајкл Локвуд, две години по нивниот брак. Нивниот брак не траеше долго, па така се разведоа во 2016 година.
Харпер и Финли се слични како својата мајка Лизи Мари. Во коментари, корисниците на социјалните мрежи често на шега ги нарекуваат тројка.
Девојчињата се родени во Калифорнија, но израснале во Велика Британија. Набрзо по раѓањето, тие и Лиза Мари се преселиле во Лондон. Харпер и Финли релативно подоцна тргнале на училиште, бидејќи раното детство го поминале дома со мајка им.
Во јуни 2022 година, Харпер и Финли се појавија во јавноста со баба им Присила Присли, сестра им Рајли Кио и мајка им Лиза Мари Присли на црвениот килим. Поводот за тоа беше церемонијата која беше одржана во Холивуд пред премиерата на филмот „Елвис“. Тоа беше единствен настан, бидејќи трите генерации на жени од познатото семејство ги оставија отпечатоци од своите дланки во цемент, во чест на Елвис.
Внуките на Елвис, една на друга се полусестри. Лиза Мари Присли во текот на бракот со својот прв сопруг, музичарот Дени Кио, ги роди двете постари деца: синот Бењамин и ќерката Рајли. Двојката беше во брак само 6 години - од крајот на 1980 до почетокот на 1990 година.
Во интервјуto за магазинот „Healthy Living“ од 2014 година, Лиза Мари зборуваше за своето искуство, кога е растењето на 4 деца во прашање.
„Своите дена ги опсипувам со многу љубов и многу заштитнички сум настроена кон нив. Тие се мојот приоритет. За нив се грижам најмногу на светот. Се трудам моите деца да бидат во моја близина и да бидат среќни и здрави. Постарите ги сакаат младите и ми помагаат околу нив. Сите сме си едни на други најдобри пријатели. Јас сум им пријател, но и мајка“.
Како што гледате, Лиза Мари се фокусирала на семејниот живот. Исто така, доживеа многу трауми поврзани со нив. Кога Елвис Присли умре, имала само 9 години. Загубата на татко ѝ тешко ја поднела.
Неодамна го изгуби и своето најстаро дете. Нејзиниот син Бењамин изврши самоубиство.
Во јули 2020 година, единствениот син на Лиза Мари Присли, Бењамин, изврши самоубиство. Се уби на 27 години. Беше музичар, исто како и неговиот дедо. На неговиот 28-ми роденден, Лиза Мари во жалост објави фотографија на својот Инстаграм профил, со многу емотивна исповед.
„Мој убав, убав ангелу, ја обожував земјата по која одеше, сега го обожувам твоето присуство на небото. Моето срце и душа отидоа со тебе. Тоа што те немам предизвикува болка секој ден, секој момент. Те молам почекај ме душо и држи ме за рака додека ги штитам и растам твоите мали сестри и ја поддржувам Рајли“.
Бењамин е погребан на имотот Грејсленд. Откако беше откриена обдукцијата, се испостави дека музичарот во крвта имал алкохол и кокаин. Внукот на Присли бил депресивен. Во минатото, исто така се обидувал да си го одземе животот.
Најстарата внука на Елвис, Рајли Ки, е барана актерка во Холивуд. Таа глуми во филмовите „Mad Max: Fury Road“, „It Comes at Night“ и многу други. Беше номинирана за Златен глобус во 2017 година за улогата во серијата „The Girlfriend Experience“.
Како тинејџерка, Рајли се испроба и во манекенството, но на крајот стана подобра во актерството. Таа е мултиталентирана. За некои улоги морала да научи да пее и свири гитара.
фото: Принтскрин / Јутјуб