Оваа баба во својот живот згрижила 80 новороденчиња: „Господ ми даде дар за ова, но ми се крши срцето кога си заминуваат од мене“

Оваа баба во својот живот згрижила 80 новороденчиња: „Господ ми даде дар за ова, но ми се крши срцето кога си заминуваат од мене“

Објавена во: Совети // Семејство

Жената го посветила својот живот на децата кои биле напуштени веднаш по раѓањето

Линда Овенс  за време на нејзините 34 години како згрижувачка мајка, згрижила 80 новороденчиња.

- Тоа е предизвикувачка работа, но многу убава, рече Линда. 

78-годишната пензионирана жена работела во продавница и како самохрана мајка се грижела за новороденчињата на кои им треба грижа додека не бидат посвоени.

„Господ ми даде подарок за ова“, рекла Линда и додала дека уживала да се грижи за бебиња уште од мала. Се сеќава на секое посвоено бебе. 

Линда моментално се грижи за мало девојче кое било испратено со неа од болница на само седум недели. Ова е нејзиното 81-во дете.

Таа целосно ги опремила своите плакари и куќата за да се грижи за бебињата. Повеќето од децата под нејзина грижа имаат развојни проблеми бидејќи биле изложени на дрога во утробата и често не можат да спијат ноќе.

- Нејзиното искуство, грижа и љубов која им ја дава на бебињата се бесценети. Таа е една од 500-те такви родители низ целата земја и е речиси со најдолг стаж. 

Линда исто така го користи своето искуство за да им помогне на родителите со нивните деца. Една мајка, чие дете Линда го чувала некое време, го споделила советот што ѝ го дала Линда:
„Таа е во креветчето. Остави ја на мира. Знам дека сакаш да си играш со неа, но ако ја разбудиш, нема да спие.“

Денес таа мајка и нејзината ќерка ја посетуваат Линда и споделуваат прекрасни спомени со неа.

Кога работата е завршена, Линда мора да ги предаде бебињата на нивните биолошки семејства кои станале независни за нив, или на посвоителите, а тие моменти секогаш ѝ го кршат срцето. Таа се сеќава на секое бебе.

Најстарото бебе за кое се грижела Линда сега има 37 години.

За бебето кое наскоро ќе мора да ја напушти Линда, таа вели: „Можам само да ѝ го бакнам челото и да ѝ посакам се најдобро и да ѝ кажам дека ја сакам“


извор:najzena

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: