Оваа година му откажаа љубов Миконос: Каролина Гочева со сопругот Михаил ужива на Крф

Оваа година му откажаа љубов Миконос: Каролина Гочева со сопругот Михаил ужива на Крф

Објавена во: Живот // Живот

Неколку години по ред, пејачката и уметникот летуваа на Миконос, оваа година решија да ја променат дестинацијата...

Иако е позната по тоа што ретко споделува приватни моменти од својот живот, Каролина Гочева изненади со фотографии од одморот со сопругот Михаил Корубин во Крф, Грција.

Таа преку неколку фотографии прикажа дел од атмосферата на Крф, убавите улички, ресторани, плажи, потоа стајлингот за романтични прошетки и излегувања, како и костимот за капење.

Македонската пејачка неодамна наполни 41 година, но може да се пофали дека има тело како моделите на Викторија Сикрет.

Каролина сподели и сладок романтичен момент од вечерата со сопругот Михаил.
А особено воодушеви со белиот долг фустан во кој се фотографираше покрај базен.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: