Оваа убавица ја крие како змија нозе: Ќерката на Даниел Крег се појави со татко ѝ на црвениот килим, никој не може да ја препознае (ФОТО)
Ретко кој знае дека популарниот Џејмс Бонд има прекрасна ќерка...
Ќерката на Даниел Крег има 30 години. Токму таа го придружуваше на премиерата на неговиот нов филм „Glass Onion: A Knives Out Mystery“.
Ела Лаудон се појави во елегатна црна комбинација со длабоко деколте.
Даниел ја доби Ела од бракот со Фиона Лаудон, кој траеше само две години - од 1992 до 1994 година. Исто како мајка ѝ и татко ѝ, Ела ја одбра глумата како свој животен пат, но наместо во филмови, Ела глуми во театар.
Русокосата убавица навистина личи на својот познат татко, но многу ретко се појавува во јавноста, па така папараците успеаја да ја уловат само во неколку наврати.
Крег, освен Ела има уште една ќерка, која ја доби во вториот брак со актерката Рејчел Вајс во 2018 година.
фото: Принтскрин / Инстаграм