Оваа венчаница е специјална поради само еден детаљ: Познатата пејачка се омажи во фустан што го носат принцезите во бајките
Тие се заедно од раните дваесетти години, а поради
пандемијата што не‘ зафати,
гламурозната венчавка ја одложија на две години.
Таа е пејачка, а тој модел и писател, тие приредија прекрасна венчавка во неверојатна катедрала, додека на церемонијата присуствуваа само пријателите и семејството.
Познатата британска пејачка Пикси Лот се омажи за своето долгогодишно момче Оливер Чешир, а сите зборуваат за нејзината венчаница.
Младоженецот за оваа пригода избра стандарден црн костум, додека невестата блескаше во венчаница каква што досега не сме виделе.
Фустанот е и едноставен и оригинален, но и достоен за секој црвен тепих. Пикси избра венчаница во валкана бела нијанса долг неколку метри и ракави од тул со циркони.
Горниот дел од фустанот наликува на корсет кој полека се шири во огромно здолниште, а дополнителен ефект постигна со дијамантски обетки, опуштена фризура и едноставен бидермаер.
Пикси Лот и Оливер Чешир се заедно од 2012 година, а писателот ја побара за жена својата избраничка уште во 2016 година.