Овде пронајде дом: Анастасија покажа како изгледа куќата на Немања Гудељ

Овде пронајде дом: Анастасија покажа како изгледа куќата на Немања Гудељ

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Куќата на Немања Гудељ е вистинска оаза за уживање

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ неодамна по многубројните обврски отпатува во Шпанија, кај своето момче Немања Гудељ.

Со оглед на тоа дека пејачката имаше бројни настапи и други работни обврски, Немања и Анастасија долго време не успеваа да се видат. Меѓутоа, штом доби шанса, отпатува за Севиља, во семејната вила на популарниот фудбалер.


Познато е дека семејството на Немања ја прифати Анастасија од самиот почеток, па едвај чекале таа повторно да дојде кај нив.


А изгледа дека и пејачката едвај чекаше да отпатува во градот каде што веќе се чувствува како дома. Тоа може да го потврди и видеото од куќата на Немања, во кое се гледа како пејачката ужива покрај базен, додека нејзиното момче ужива на лулашката.

Потсетуваме, Немања Гудељ доби понуда од Севиља да се пресели во турски клуб, но сè уште не се знае дали зетот на Цеца одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, а со тоа и животот со Анастасија.

Извор: svet-scandal.rs

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: