Овие сандали ѝ биле омилени кога била девојче: Најпознатата ТВ водителка по модата уште како мала ФОТО
Оваа водителка може да се каже дека е една од најпознатите кај нас. Со нејзината насмевка и мил глас на многумина им започнува денот, а дека е омилена помеѓу гледачите, говори и фактот што сите имаат само пофални зборови за неа.
Сега веќе претпоставувате за кој станува збор - на фотографијата е водителката Милена Антовска, која долги години е дел од утринската програма на Канал 5 телевизија.
Она што е интересно и што можеме да го заклучиме од оваа фотографија од детството на водителката е дека нејзината ќеркичка Лана Марија навистина личи на неа.
„Во принцип не сум многу променета од тинејџерските денови. Се’ уште сум ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива. Сега сум малку посталожена, што е нормално заради мајчинството, но како и да е детето во мене живее.“ - во една прилика за Хаштаг откри Милена.
Милена често знае со следбениците на ИНстаграм да сподели фотографија од детството а тоа го направи и овој пат.Облечена во жолто фустанче и омилените сандали кои како што пишува сакала да ги носи постојано.
„Се сеќавам на овие сандали и знам дека сакав да ги носи без разлика на тоа што ми облекла мајка ми. Не постоеа други за мене“-напиша Милена покрај фотката.
Милена е позната по тоа дека сака секогаш да биде скоцкана и дотерана.
фото: инстаграм