Овозможена опцијата за плаќање на рати со ИутеКредит на Grouper

Овозможена опцијата за плаќање на рати со ИутеКредит на Grouper

Објавена во: После „Школо“ // PR

Плаќањето на рати при онлајн купување станува достапно на најголемиот сајт за онлајн продажба Grouper.mk преку финансиското друштво ИутеКредит. Опцијата за плаќање на рати ќе им дозволи на купувачите да ги искористат сите популарни зделки или да го купат својот омилен производ или услуга веднаш, а да ги плаќаат на повеќе рати.

Grouper веќе со години претставува една од најпосетуваните дестинации за онлајн купување, а корисничкото искуство сега е надополнето и со опцијата за онлајн кредит закупување на рати преку ИутеКредит Македонија. Сите производи со износи од 3000 ден. до 120 000 ден. може да се купат на овој начин и да се плаќаат до 24 рати во зависнот од износот и по избор на купувачот.

Самата процедура на апликација за кредитот е пред сé безбедна, брза и лесна. Купувачот може да аплицира на сајтот на Grouper додека ги разгледува и бира производите и услугите достапни во делот Shopping Mall, Зделкии Патувања или пак откога ќе ги стави саканите производи во кошничката. За аплицирање доволно е клиентот да поседува само лична карта. Со одобрување на кредитот, купените производи се доставуваат со купувачот, а тој почнува да ги плаќа месечните рати кон ИутеКредит од следниот месец.

Декември е одличен период да се искористи токму оваа услуга на одложено плаќање со која секој купувач ќе има можност без ограничување да се подготви за празничните денови кои доаѓаат, без разлика дали станува збор за купување на подароци за најблиските, апарати и мебел за домаќинството или пак организирање на релаксирачки викенд на планина. Со само неколку кликови саканите производи стануваат ваши, без воопшто да го напуштите вашиот дом.

Годината која изминува беше полна со предизвици, но и можност да се инвестира и да се развиваат нови решенија кои соодветно ќе одговорат на потребите на купувачите. Токму затоа, преку соработката помеѓу ИутеКредит и Grouper се разви ова решение кое овозможува брз, едноставен и безбеден процес на онлајн купување.

ИутеКредит иднината ја гледа во дигитализацијата и во постојано унапредување на корисничкото искуство, па оттаму и иницијативата да бидеме први на пазарот кои кредитирањето при онлајн купување го воведуваат како начин на плаќање. Веруваме дека пазарот на е-трговија во Македонија е подготвен да оди чекор понапред и да им понуди на купувачите поголем број поволности и опции за плаќање, а партнерството со најголемите онлајн продавници јасно го покажува тоа. 


* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: