Памела Андерсон ги држеше синовите далеку од очите на јавноста: Денес се вистински фраери (ФОТО)
Горди се на своите родители, а едниот продолжи по стапките на татко му...
Премиерата на документарецот на Нетфликс „Pamela, a Love Story“, беше идеална можност за Памела Андерсон на црвениот килим да се појави со двата најважни мажи на нејзиниот живот.
Иако ги помина сите подеми и падови, па имаше и лоши односи со нив, Памела не ја криеше гордоста додека покрај неа позираа нејзините синови Брендон Томас Ли (26) и Дилан Џегер Ли (25), кои ги доби во бракот со музичарот Томи Ли.
фото: Профимедиа
Иако Памела и Томи водеа див и раскошен живот, се одлучија да се остварат и како родители, па така станаа родители на двајца синови.
На своја кожа ја почувствуваа лошата страна на популарноста, Памела почна да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па момчињата израснаа скоро па незабележано од страна на медиумите.
Постариот син Брендон Ли се занимава со глума и е вистинска ријалити ѕвезда, а за магазинот „Interview“ изјави дека цел живот сакал самостојно да ја гради својата кариера.
„Кружат лажни приказни за тоа како сме јас и брат ми растени, луѓето воглавно не доживуваат како разгалени деца на кои сѐ им било достапно. Но, нашите пријатели можат да потврдат дека Дилан и јас од родителите немаме земено ниту еден долар додека бевме средношколци. Сами го заработувавме својот џепарлак“ - изјави Брендон.
Помладиот син на Памела и Томи, Дилан, одлучи да чекори по стапките на својот татко, па заплови во музичките води, и во тоа е прилично успешен.
Двајцата открија, дека како деца немале поима дека нивните родители се познати и дека Памела и Томи максимално се труделе да имаат нормално детство.
„Се сеќавам дека еден ден ја прашав мајка ми зошто сите нѐ фотографиират, а таа само ми посочи дека тоа е нормално, дека и сите други се фотографираат така“ - се присетува Брендон.
Брендон и Дилан и денес се многу блиски со своите родители и често нивни драги гости на црвените килими, а сите четворица се собираат и на семејните дружења.
фото: