Папарацо фотките открија детаљ кој досега никој не го забележа: Дали Кајли Џенер се омажи во тајност?

Папарацо фотките открија детаљ кој досега никој не го забележа: Дали Кајли Џенер се омажи во тајност?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

По фотографијата од аеродромот во Лос Анџелес, многумина се убедени дека Кајли Џенер во тајност се омажила за Тревис Скот, со кој го очекува второто дете.

Со месеци се зборуваше дека Кајли Џенер и нејзиното поранешно момче и татко на нејзината ќерка, Тревис Скот ја обновиле романсата.

Иако зборуваа дека се во добри односи само поради ќерката Сторми, на крајот сепак се испостави дека приказните не започнаа да се шират без причина.

Кајли го очекува второто дете со Тревис, а многумина се согласуваат дека најмладата милијардерка никогаш не изгледала посреќно.

Од друга страна, како што поминува времето, се поставува и прашањето за венчавка, но и „проклетствата на Кардашијанс“, бидејќи е познато дека ниту еден брак досега не опстана, ниту пак поминал без контроверзии.

Тревис неодамна ги изненади Кајли и Сторми со идентични прстени со дијаманти, што ги разнежни нивните следбеници, поради што сите се запрашаа кога конечно ќе следува веридба, меѓутоа, новите папарацо фотки го открија она што на многумина им помина без да го забележат.

Имено, следбенциите кои сфатија дека Кајли е бремена и пред таа да ја обелодени вистината на својот Инстаграм профил, и тоа само благодарение на нејзината боја на нокти, сега се убедени дека се омажила во тајност.

Имено, таа неодамна е фотографирана со ќерката на аеродромот во Лос Анџелес, а додека ја облекувала јакната, на нејзината лева рака може да се види прстен кој наликува на бурма.

Иако Џенер е голем љубител на накит, и со задоволство носи прстени, ваков модел досега ниту еднаш не ставила, а следбениците се сигурни дека судбоносното „да“ го изговорила во тајност, како што практикува и со другите, за неа важни ситуации.

Засега, по овој повод не се огласува, и само времето ќе покаже дали во овие приказни има вистина или ова било само случајност.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: