Патничко осигурување од Кроација со целосно покритие за Ковид-19 без временско ограничување
Патувањата од секаква природа се веќе неопходност по долг период на апстиненција и одложување, без разлика дали се од деловна или приватна потреба. Граѓаните имаат потреба да патуваат и да се чувствуваат безбедно и сигурно каде и да одат, дури и во услови на пандемија. Актуелниот бран на омикрон сојот значи зголемен ризик од зараза за време на патувањата, а повторно се воведуваат и дел од рестрикциите, како и задолжителниот PCR тест за влез во многу држави без разлика на вакциналниот статус. За да се обезбедите за безгрижно патување потребно е да поседувате полиса која има точно дефинирани услови и целосно покритие за Ковид-19.
Кроација осигурување уште минатата година го прошири патничкото осигурување со целосно покритие за Ковид-19. Проширената патничка полиса нуди покритие за трошоци за медицински прегледи од страна на овластен лекар, тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19, потребни лекови дадени при вонболничко лекување, болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репартиципација во случај на потврдена инфекција. Новитет кај Ковид покритието во рамки на патничкото осигурување е што отсега е без временско ограничување, односно може да се вклучи за целото времетраење на патничкото осигурување.
Патничкото осигурување од Кроација овозможува безгрижност при патувањата од било каква природа, проследено со целосна асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде престојува осигуреникот.
Покритието за Ковид-19 е достапно кај индивидуално или семејно патничко осигурување и важи за патувања во земјите од Европа, Русија, Турција и Египет. Со јасно и прецизно дефинираните услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Сите подетални информации за понудата се достапни на https://web.crosig.mk/portfolio/patnicko-osiguruvanje/.
Со секоја купена полиса за патничко осигурување од Кроација осигурување, осигурениците имаат можност за добивање тестови потребни за патување од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повластена цена. Повластената цена за добивање PCR тест, односно за молекуларна детекција на Kорона SARS-CoV-2 за сите иматели на патничко осигурување од Кроација изнесува 950 денари. Во понудата е вклучен и брз антиген Ковид-19 тест со цена од 900 денари, а резултатите од тестирањето се добиваат за 40 минути. За повеќе информации јавете се на 15 599 или испратете e-mail на contact@crosig.mk